Beschreibung
Андриќ прави кула (слична како вавилонската) која е градена од човековите судбини. Навидум ќе помислиме дека без секој се може, но ако една тула ја нема, тогаш се руши сè, се руши општеството и тоа не постои како цело.
Дејството во „Проклета авлија“ е прикажано преку инверзивен тек на нарацијата. 19 Век е времето на случување на заплетот во еден затвор во Цариград.
Ликот на фра-Петар е движечкиот наратор кој како во рамка ги става случувањата од затворскиот живот, навлегувајќи во поединечните судбини.