Buchdetails
Beschreibung
Влегува во царскиот дворец каде што живеат над десет илјади конкубини. Сведок е на убиства, завери, предавства, станува кинеска царица. Преживува војна, глад, епидемија. Ја воздигнува кинеската култура до совршенство, се опкружува со поети, калиграфи, филозофи. Од најубавата палата на светот владее со најголемото светско царство. Но, на крајот, ѝ го оцрнуваат името, ѝ ја искривуваат историјата, ѝ ги бришат спомените: мажите ѝ се одмаздуваат на жената којашто се дрзнува да биде царица. По тринаесет векови, таа за прв пат ги отвора вратите на Забранетиот Град...