Buchdetails
Beschreibung
Романот се состои од вовед, наводно напишан од братот на извесен В., на кој се надоврзуваат книгата Папокот на светот (манускриптот на романот), книгата Исход и книгата <Светлина (Записите од дневникот), по кои следува поговор од книжевниот теоретичар Венко Андоновски. Првата книга напишана на псевдоархаичен јазик се одигрува во IX век и би можел да се означи како некој вид филозофски крими роман во ековски манир; додека во вториот дел, во Дневникот, една љубовна сторија во Југославија во втората половина на ХХ век ги пресликува случувањата од првиот дел.