Beschreibung
„Но во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што Вештица станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува.“ Милан Кундера
„Венко Андоновски во романот Вештица ги урива сите стереотипи. Неговиот јазик и по својата синтакса и по својата сензибилност има една благородна мелодика и промислена сигурност. Тој е супериорен мајстор да ги вработи сите зборови и на сите да им даде еднакви, речиси рамносилни задачи и значења. (...) По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот Вештица, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал...“ Петре М. Андреевски