책 세부 정보
형식
페이퍼백
페이지
536
언어
마케도니아어
출판됨
Jan 1, 2018
출판사
Антолог
ISBN-10
6082432533
ISBN-13
9786082432533
설명
Дали една љубов што траела долго време може некогаш да стане минато и колку иднината на тие луѓе може да се развива независно од нивното минато? Римини и Софија 12 години биле во врска што изгледала нераскинливо, но на крајот завршила. Сепак, минатото нѐ поврзува многу повеќе од тоа што сме свесни. Токму кога Римини помислува дека го открива прекрасниот свет на слободата и на новите желби, ќе најде нова љубов и ќе основа семејство. А тогаш во неговиот живот директно од времето за кое мислел дека е завршено се враќа Софија. Секоја нова средба на двајцата главни протагонисти е изненадување сама по себе: љубовта од минатото добива нова форма во сегашноста. Дали Софија е жена полна љубов, пријател што сака да ја спаси својата најдрага личност или сѐ што прави прави со намера да се одмазди за разделбата, бидејќи не може да ги контролира страстите? Одговорот на ова прашање авторот вешто го одложува до целосно непредвидливиот крај.
Авторот истакнува дека Марсел Пруст и стенд-ап комичарот Џери Сајнфелд извршиле најголемо влијание врз неговата книга. „Минатото“ е најуспешниот роман на еден од најдобрите латиноамерикански писатели на својата генерација, за кој тој ја добива наградата „Ералде“ во 2003 година. Според книгата е снимен и филм во режија на Ектор Бабенко.
„Книга вампир, густа, просветлувачка, ѓаволски комична.“
Фабијан Паско, Телеграма
Алан Паулс (1959) e aргентински писател. Роден е во уметничко семејство со потекло од Германија. Завршил филолошки факултет и бил професор по теорија на книжевноста. Работел како новинар, потоа и во една киносала. На тринаесетгодишна возраст почнува да пишува под влијание на Реј Бредбери, а подоцна и на Кортасар и на Кафка. Како автор користи експериментален стил што игра со формата и со јазикот, придружен со црн хумор и со флуидна нарација.