Book Details
Format
Paperback
Pages
290
Language
Macedonian
Published
Apr 10, 2013
Publisher
Сакам Книги
ISBN-10
6084672191
ISBN-13
9786084672197
Description
Џил МекСвини посакува само сѐ да може да се врати во нормална состојба. Но по смртта на татко ѝ, нејзиното огледало, човекот кој цел живот ја учел како да биде подобра личност, таа повеќе нема желба за ништо и едноставно се оддалечува од сите кои сакаат да ѝ помогнат: нејзиното момче, нејзините пријатели, нејзината мајка... И сега, кога мајка ѝ одлучува да посвои бебе, таа се чувствува гневно поради обидот еден живот да се замени со друг, бидејќи, се разбира, никој и ништо не би можел да го замени татко ѝ - сонцето на нејзиниот живот.
Менди Калиновски знае како е да пораснеш без никој да те сака, со мајка која никогаш не сакала да има дете. Па кога останува трудна, таа е сигурна во една работа, дека сака подобар живот за своето дете. Но дали постои некаква шанса таа некогаш да најде подобар живот за себе, бидејќи, ако сме реални, таа и самата сѐ уште е дете? Ќе најде ли некогаш некој кој ќе се грижи за неа?
Раскажана низ два гласа, преку циничната и саркастична Џил и наивната и отворена Менди, оваа книга е богата таписерија на емоции која ќе ви го заскокотка, но и стегне срцето...